Мајкл и Хејзел Салис од село во Источен Тексас се пожалиле дека соседот се заканил дека ќе пука во нив. Тој ја пеел песната ‘Hey Joe’ од Џими Хендрикс. Исто така парот се пожалил дека фармерот Кристи Гринфилд им се заканувал и со трактор. Но, се испоставило дека тие правеле проблеми во соседството уште години наназад.
По пензионирањето, вдовецот Тери Симоу, земјоделец и сточар често знаел да изведува песни од Боб Дилан во дворот позади неговата куќа. Во една прилика почнал да пее песни од Џими Хендрикс, кога неговиот настап привлекол неочекувана публика. Пред него стоеле 4 полицајци во паркирано возило, држејќи автоматско оружје. Еден од нив му наредил да не се помрднува, додека друг тргнал да го уапси 63 – годишниот пензионер. Го одвеле во полициската станица во Хатингс, Источен Сасекс. Останал заклучен во ќелија 7 часа пред да биде ставен на распит.
Човекот прашал зошто е доведен тука, а тие одговориле дека бил обвинет од страна на неговите соседи бидејќи се заканувал дека ќе ги убие. Во моментот, Тери се присетил на текстот од песната: „Одам да пукам во мојата стара дама”, а потоа објаснил дека песната ја пеел многупати пред тоа.Покрај недоразбирањето, апсењето на Тери било само кулминација на децениска борба на неговите соседи, Мајкл и Хазел Салис. Тие во неколку наврати се обидувале да добијат дел од земјата на нивниот сосед. Претходно тие биле обвинети за малтретирање на друг сосед, по име Кристи Гринфилд, чиј имот исто се граничи со нивнот. Во еден настан, 74-годишниот Салис се заканувал по жената на Гринфилд, возејќи трактор со огромна бала сено кое го придвижувал кон неа. За среќа таа го снимила настанот и полицијата ги привела веднаш. Парот бил обвинет за малтретирање на соседите, со намера да го прошират својот имот. Во случајот им била наплатна казна од 500.000 фунти.
Тери Симоу од Лондон се преселил во селото уште во 1996 година. Купил куќа со 4 спални соби. Набрзо изградиле штала и воденица на езерото. Селото е сместено на висорамнина, во природна околина. Интересот за купување стари градби во ова село се раширил, најмноу по автентичноста на градбите, но и природата која ги опкружува.
Семејството Салис се преселиле во 2004 година, но за нив многу малку се знаело, освен дека се сопственици на неколку фирми. Тие го купиле просторот кој се граничел со имотот на Тери и набрзо почнале да создаваат проблеми. Најпрвин го заградиле делот, каде Тери ја паркирал својата кола. Кога Тери се пожалил дека тоа е негов дел, новиот сосед едноставно му кажал да одат на суд. Несогласувањата продолжиле со вербални навреди и закани, но не само кон него. Парот едноставно не седел мирно, туку постојано правел проблеми во средината, згорчувајќи го животот на соседите.