Родители од Јута ја продале нивната прекрасна палата и се преселиле во поскромен дом за својот живот да го посветат за добротворни цели. Ешли и Томас Хјуз минале една година во нивниот голем дом од 743 метри квадратни во Северен Огден. Но, по само неколку месеци, се измориле од тоа што поголемиот дел од нивниот буџет морале да го трошат на сметки и отплаќање на хипотеката. Наместо тоа, тие сакале своите пари да ги трошат за други. Нивниот петмесечен син Мило умрел во мај 2014 од синдром на ненадејна детска смрт.

Оттогаш, на годишнината на смртта на нивниот син Хјузови организираат дарувања, но сакајќи да даруваат уште повеќе, нивниот нов, скромен дом во Плезент Вју им ослободил дополнителни средства за таа намена. Томас и Ешли се преселле во Плезент Вју пред три недели. Тие живеат таму со нивните два сина близнаци. Во февруари 2017 очекуваат уште еден син.

Со повеќе пари на располагање, тие сакаат да финансираат по еден голем добротворен проект месечно. Во октомври сакаат да поведат едно семејство со себе во Дизниленд, а пак за друго како изненадување подготвуваат реновирање на нивната кујна.

hj01 hj02 hj03 hj04

Сподели на Facebook
пати видено