Велат дека во пеколот нема таков гнев како кај понижена жена. И во ова видео гледаме колку вистина има во тоа, кога бесната жена го видела мажот со неговата љубовница. Откако наводно ги видела како заедно влегуваат во хотел, жената решила да ја изврши казната на свој начин.

Сега Сузана Васкез од Кахамарка, северозападен Перу, очекува да види дали ќе се соочи со обвинение за домашно насилство. Сузана подолго време се сомневала дека нејзиниот сопруг има љубовница. Така, кога еден ден ѝ кажал дека оди да се види со пријатели, таа го следела и го видела како влегува во хотел, држејќи за рака друга жена. Бесна, заедно со локална волонтерска група кои се таму за да го одржуваат редот, го убедиле Хаиме, таткото на нејзините две деца, да појде со неа во блиското кафуле на тивок разговор.

km

Но кога се нашла таму, првин остро го нападнала вербално, а потоа извадила и камшик и почнала да го удира. Тепањето било снимено и Сузана може да се слушне како вреска: „Ја изневери твојата мајка. Ги изневери своите деца и мене. Ти кажав дека ќе те најдам и ќе те казнам. Моите деца немаат што да јадат а ти одиш да трошиш пари на ова.“

Од полицијата велат дека допрва треба да решат дали ќе подигнат обвиненија против огорчената жена.

 

 

Сподели на Facebook
пати видено