Британски научници објаснија зошто јадењата приготвени од нашите мајки секогаш ни се чинат највкусни. Причината е бидејќи тие се зготвени со љубов. Истражувањето било порачано од англиска фирма за замрзната храна. Со него се установило дека 58 отсто од учесниците во експериментите сметале дека храната е повкусна кога е зготвена со трпение и љубов.

mf01

Доброволците во тестирањата биле поделени на две групи, на коишто им била сервирана иста божиќна вечера, но во различни услови. Едните ја конзумирале храната во празничен декор, при што им било соопштено дека јадењата се приготвени од вешти мајстори по специјални домашни рецепти. На втората група испитаници им биле дадени истите вкусни јадења, но во поедноставно опкружување, и без никакви посебни објаснувања. По јадењето учесниците требало да дадат оценка за сервираните нешта. Од добените податоци станало јасно дека првата група била убедена дека храната била многу вкусна, и дале просечна оценка 4,3. Втората група јадењата ги оценила како просечни, давајќи ја многу пониската оценка 3,4.

mf02

Сподели на Facebook
пати видено