24-годишна жена од Бирмингем, Англија го фатила нејзиниот сопруг со љубовница. Таа ја контактирала фирмата Carter-Harris Group за да ги потврди нејзините најлоши стравови откако нејзиниот сопруг „се променил“ и тој се почесто бил отсутен од дома.
Даниел Шо, детектив со Картер Харис, изјавил: „Не ни требаше долго за да го фатиме нејзиниот сопруг, и кога го фативме, деталите беа прилично фокантни. Физичките знаци се најочигледни и на нив треба да се внимава. Промени во облекувањето, доаѓањето дома се подоцна и подоцна.“
Детективи откриле дека сопругот имал профили на неколку веб страни за запознавање на повозрасни жени и откако почнале да го пратат, во хотелот Премиер Ин, оддалечен 100 километри од нивниот дом, ја откриле мистериозната љубовница.
Неидентификуваната жена вели дека е „во целосна магла на неверување“ откако дознала дека нејзиниот сопруг, со кој е во брак една година, ја изневерувал со баба. Детективите дознале дека неговата љубовница има 72 години.
Г-дин Шо, исто така, вели дека предупредувачки знаци и телефонот можат да бидат клучот кој открива сè. Тој вели дека има многу начини на кои луѓето можат да бидат фатени.