Крис Лоуд кој работи како градежен работник и неговата сопруга Шерон Лоуд, од Британија, не биле на одмор во изминатите 6 години. 44-годишниот маж и 45-годишната жена велат дека не оделе на одмор затоа што чуваат 9-годишно куче со ивалидитет и имале премногу обврски на работа.
Но, бидејќи Шерон многу сакала да оди на одмор во „тропски рај“ нејзиниот сопруг решил да ѝ ја исполни желбата.
Крис, кој голем број а луѓе го споредуваат со актерот Џејсон Момоа, одлучил во јуни 2017 година да го донесе одморот во нивната градина и на направи „Тики остров“. И покрај тоа што немал искуство со градинарството, Крис ги потрошил сите бесплатни вечери и викенди кои тој имал во период од 24 месеци на огромен проект – а резултатите се неверојатни.
Посветениот сопруг поминал многу часови истражувајќи кои тропски растенија ќе ги издржат британските временски услови и користел онлајн туторијали за да ги научи сите трикови во градинарството. Оваа бегство од реалноста сепак не го чинело малку парот. Вкупно градината ги чинела скоро 40.000 евра. Но, Крис и Шерон велат дека не ги жалат парите, затоа што кај нив најголем проблем било тоа што не можат да одвојат време за вистински одмор.
Погледнете како се одвивал процесот на уредување на градината: