Луси Вичард и Дејвид Керол се запознале во 2006 година и тогаш Дејвид ѝ раскажал на Керол дека боледува од леукемија. Тие се венчале во 2011 година, а Луси сѐ уште била уверена дека нејзиниот сакан боледува од оваа страшна болест.

Сега 35-годишниот Дејвид, учествувал во разни хуманитарни настани за прибирање на средства за лицата болни од рак. Тој ги разбудил сомнежите кај 31-годишната Луси и семејството, кога во 2015 година отишол кај мајката на Луси, која неодамна го изгубила својот сопруг и е неподвижна, за да побара од неа пари, бидејќи „имал смртоносен рак на стомакот“ и доколку не замине во САД на лекување ќе живее само уште неколку месеци.

Старицата не сакала и нејзината ќерка да остане вдовица, па му дала на Дејвид 2.000 фунти. Измамникот дури успеал да убеди колега од работа да се јави и да се претстави како негов доктор и да им ја соопшти дијагнозата на сопругата и нејзината мајка.

Потоа Дејвид со парите од бабата си заминал во Америка на одмор. По неговото враќање сопругата и нејзиното семејство го разоткриле Дејвид и го дале на суд.

Пресудата била донесена по 3 години, но не била она што Луси и нејзиното семејство го очекувале. Тој добил 26 недели затвор и 180 часа неплатена работа.

Луси оваа година во април повторно се омажила и сега е во среќен брак со сопругот Кит. Таа изјавила дека Дејвид заслужува поголема казна затоа што „украл дел од нејзиниот живот.“

Сподели на Facebook
пати видено