На мајката Наоми Финдлеј ѝ било кажано дека шансите за преживување на бебето биле „скоро нула“, кога лекарите ја дијагностицирале ретката состојба во деветатат недела од бременоста. Но, бебето Ванелопе Хоуп чие срце чука од надворешноста на нејзиното тело се спротивставило на осум во милион шансата и сега има три недели.
Во интервју за This Morning од болницата Гленфилд, Лестер, Наоми рече дека нејзината ќерка „е навистина, навистина добро“ и дека очајно сака да ја прегрне за прв пат. „Таа е навистина, навистина добро. Таа се движи многу, многу е активна. Прекрасно е да ја гледам како го прави она што го прават останатите бебиња. Таа е прекрасна. Таа е радост.“, изјавила Наоми.
Кога презентерите Филип Шофилд и Холи Вилоуби ја прашале дали може да си ја гушне ќеркичката, Наоми одговорила: „Не, тоа е една од работите за која што сонувам да ја направам и мислам дека од тој ден нема да ја пуштам од рацете.“
Бил потребен тим од 50 лекари, акушерки и медицински сестри за безбедно да ја породат Наоми, во операција која ретко била успешна во Британија. Радосните родители на Хоуп кои ги отфрлиле раните совети за прекинување на бременоста сега ја покажуваат чудесната ќерка, за која никогаш не мислеле дека ќе ја имаат.
Партнерот на Наоми, Дин Вилкинс, изјавил: „Ни беше кажано дека најдобар избор би бил да се прекине бременоста и целиот мој свет се распадна на парчиња. Но, кога почна да ги мрда рачињата, се чувствуваш како, тоа е живот, таа е таму“.
Наоми вели: „Цело време дека шансите за преживување се скоро нула и дека единствената опција е да се прекине бременоста и дека можат да ни понудат психијатарско советување. На крајот, јас само кажав дека прекинот не е опција за мене. Ако [смртта] треба да се случи природно, тогаш нека биде така.“
Наоми раскажува за моментот кога се родила малата Хоуп: „Сите, вклучувајќи ме мене и мојот партнер го држевме здивот. Ни беше кажано дека првите 10 минути од нејзиниот живот беа навистина клучни за да видиме како таа ќе реагира во нашата средина, а не во мојата утроба. И да ја слушнам кога излезе и почна да плаче, за што ми рекоа дека ќе ѝ треба помош да го направи, а таа излезе со удирање и врескање, тоа беше вистинско чудо. И тоа што можев да сведочам за тоа е уште позначајно.“
Фокусот сега е да се одржи стабилноста на бебето и да се спречи инфекција, пред тимот да се одлучи за следниот чекор за новороденчето.