Илегален мигрант од Сомалија се соочува со затворска казна откако се обидел да киднапира деца претставувајќи се како полицаец, и тоа само неколку седмици откако бил порано пуштен од издржување затвор поради силување. 28-годишниот Абди Вајс требало да биде депортиран откако отслужил шест години од изречената затворска казна во траење од осум години поради силување на жена која ја грабнал од улица во 2008 година.

Abdi Waise

Но, процесот на депортација бил запрен откако безработниот мигрант, кој во Британија дошол на десетгодишна возраст, упатил жалба врз основа на човекови права. Само три недели откако сексуалниот напаѓач бил пуштен на слобода, повторно нападнал – киднапирајќи едно девојче и обидувајќи се да киднапира уште четири други деца кои оделе кон своето училиште.

Неговото дивеење започнало на 18 јануари при што првин бркал десетгодишно момче на кое му понудил десет фунти и марихуана ако тргне со него. Набргу потоа запрел една ученичка и се обидел да ѝ ја пребара чантата претставувајќи се како полицаец. Тој ја следел сѐ додека девојчето не му ги покажало нејзините родители. Неколку минути подоцна пришол на друго девојче, зграпчувајќи го за раката, исто така кажувајќи ѝ дека е полицаец кој си ја бара својата ќерка, но детето успеало да се ослободи.

im02

Подоцна се испречил на патот на две девојчиња и ги обвинил дека купувале дрога. Се обидел да ги намами во една градина во близина, наводно да ги пребара, но тие избегале. Претставувајќи се како полицаец во цивила, Вајс потоа се обидел да грабне 11-годишно девојче, сакајќи да ја убеди да појде кај него дома на појадок и да гледаат некои фотографии. Ја зграпчил за чантата и за палтото, но таа и покрај тоа успеала да избега. Истиот неуспешен обид го направил и еден час подоцна со друго дете.

Подоцна пришол на група момчиња, нудејќи им 20 фунти ако успеат да натераат некои девојчиња да земат течен изопропил нитрат, познат како поперс, од кој како што тврдел, девојчињата ќе се онесвестат и после ќе можат да им прават што сакаат. Момчињата го одбиле тоа.

Обвинителот Едвард Френклин изјавил: „Се обидел да употреби сила и заплашување за да ги натера децата да појдат со него. За среќа, сите деца успеале да избегаат и повеќето од нив го пријавиле инцидентот, а другите кажале на своите родители.“

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено