Соларните панели на покривите на јавно училиште во Њујорк ќе им овозможат на учениците од прва рака да се запознаат со науката. Учителката Вики Сандо во 2003 година засадила градина на покривот на училиштето PS 41. Десет години подоцна и со потрошени два милиони долари, успеале да инсталираат соларни панели.
„Направивме врска со изучувањето на растенијата“, изјавила Сандо за Капитал Њујорк. „Растенијата се како мали соларни ќелии. На моите петоодделенци им дадов да расклопат соларен калкулатор и им покажав на кој начин работи. Немаме предвидена училишна програма за сончевата енергија, но ќе спроведеме проекти во кои ќе ја вклопиме некако.“
Според градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, со помош на 23 милиони долари до крајот на 2016 година ќе бидат обезбедени соларни панели за дваесет и четири основни училишта. Во меѓувреме, учениците на Сандо ќе продолжат да учат за светот во градината на покривот на нивното училиште.
Учителката Вики Сандо во 2003 година засадила градина на покривот на училиштето.
После 10 години и по потрошени 2 милиони долари, училиштето обезбедило соларна област.
„Направивме врска со изучувањето на растенијата. Растенијата се мали соларни ќелии.“
„Ова им овозможува на учениците од прва рака да видат како изгледа почистата енергија и како прави да се чувствувате, што ќе биде од особена важност кога овие основци ќе пораснат.“
„Тие се непроценливо училишно помагало за лекциите за климатските промени и останатите проблеми со природната околина.“
„На денешните генерации на деца, особено тие од основно училиште, ќе им биде многу тешко.“
„Доколку не се заинтересираат и не бидат изложени на нашата природна околина – тие се во неволја.“
„Тоа треба да им се претстави без да се исплашат, но сепак со тоа да им се даде моќ.“
До крајот на 2016 година, 24 училишта ќе бидат опремени со соларни панели.