Истражувачите од Универзитетот Британска Колумбија излегоа со генијално решение за проблемот со облачно небо за соларните ќелии. Тие имаат изградено соларни ќелии со бактерии кои работат ефикасно и кога светлината е попречена од облаците.
Областа на соларни ќелии направени од живи суштества, таканаречени биогени клетки, е интригантна. Истражувачите се обидуваат да ја копираат фотосинтезата, природниот начин да се добие нешто од сончева светлина. Претходните обиди се фокусирале на екстракција на бои чувствителни на светлина од генетски модифицираните бактерии, но процесот е скап, комплексен и вадењето на боја со растворувачи често може да ги оштети.
За да се избегне ова, канадскиот тим користел поинаков пристап. Тие користеле E. coli генетски модифицирана за да произведе изобилство на ликопен, молекулата која им ја дава на доматите нивната портокалова / црвена боја. Ликопенот е одлична природна боја и е одличен при „бербата“ на сончева светлина. Нивната боја е исто така погодна за поширок спектар на временски услови.
Како што е соопштено во научното списание Small, тимот обложил E.coli во минерал кој може да се користи како полупроводник. Тие потоа ја примениле бактеријата / минералната мешавина на стаклена површина. Како и да е, тие така ја конструираче нивната биогена соларна ќелија. Тестовите покажале густина на струја од 0,686 milliamps по квадратен сантиметар, што е речиси двојно поголемо од претходниот рекорд за овие типови на ќелии.
Таквата технологија може да се користи во областите на Канада и Северна Европа, кои често имаат облачно небо. Околините каде што има рудници и другите услови на недоволна осветленост, исто така, може да бидат разгледани. Бактериите не се единствениот начин да се добие соларна енергија кога е облачно, постои и еден вид соларна ќелија која може да работи на дожд.