Социологот од Катар предизвика гнев кај луѓето низ светот откако направи туторијал за тоа „како треба да се тепаат жените“ според Исламот.

Абд Ал-Азиз Ал-Казрај ја постави снимката на својот Ал-Мојтама ЈуТјуб канал каде што детално ги подучува мажите како треба да ги „казнат“ своите сопруги според исламскиот закон. Тој на видеото ги демонстрира „техниките“ на едно момче.

„Пророкот Мухамед … Гледај како е милостив Исламот. Пророкот го забранил нападот по лицето. Тој им забрани на мажите да ги тепаат своите жени по лицето. Шлаканица, удирање на главата, удирање на носот сето ова е забрането. Тепањето е за дисциплина.“, вели „социологот“.

Тој вели во краткото видео дека верува дека тепањето треба да биде лесно и безболно и треба да ја направи жената „да ја чувствува силата на нејзиниот сопруг“.

Тој демонстрира со удирање по рамото на малото момче, а во исто време му вика: „Ти реков да не ја напушташ куќата! Колку пати морам да ти кажам?“

На почетокот на видеото тој вели: „Драги гледачи, многу луѓе – особено луѓе кои се во брак – би сакале да знаат како да тепаат жена. Дали е неопходно да ја тепате сопругата? Дали секој човек треба да ја тепа својата жена секој ден? Не.“

„Прво, ние мора да разбереме дека мажот е лидер на куќата. Лидер има власт, исто како менаџер на компанијата. Лидерот на куќата може да одлучи да ја дисциплинира сопругата за да може животот да продолжи понатаму. Како мажот ја тепа својата жена? Тој ѝ дава дисциплинско тепање од љубов. Ја сака.“, додава Ал-Азиз.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено