63-годишна жена и 65-годишен маж станале најстари родители со помош на сурогат мајка, во Велика Британија, но една година подоцна социјалните служби им го одземале детето. Според нив возраста на родителите е причина за вознемиреност за здравјето и благосостојбата на детето.
Социјалните служби пред тоа разговарале со родителите, кои живеат во северниот дел на Англија и ги предупредиле дека ќе треба да превземат одредени мерки доколку сакаат да го задржат бебето.
Парот потрошил над 100.000 евра за сурогат мајката која била во нејзините 30ти години. Се верува дека таа забременила со помош на спермата од 65-годишниот татко и донирано јајце. Тие користеле клиника од странство затоа што во Велика Британија никој не сакал да работи со нив поради нивната возраст.
Жената која што го родила бебето се потпишала за сертификатот за родителство заедно со нејзиниот сопруг, но исто така потпишале и договор дека го даваат детето на посвојување на постариот пар. Социјалните служби внимателно ја набљудувале ситуацијата и одлучиле да го одземат детето од парот.
Тие продолжуваат да се борат за старателство над детето додека тоа се наоѓа во дом за деца без родители. Иако сурогат мајките се едниственото решение за повозрасните парови да добијат дете има и друга постапка, ин витро, којс во Велика Британија и во други европски земји приватните клиники не им ја дозволуваат на мајки кои ја надминале 40-тата година од животот.