Зар водата не е супер? Не само што нѐ одржува во живот, туку нѐ одржува чисти, ѝ помага на планетата и ги исполнува оние прекрасни нешта кои ги нарекуваме водни паркови и базени. Покрај разладувањето лете, има и многу други јаки и забавни нешта кои можат да се прават со водата. Триковите прикажани во следното видео ги демонстрираат физичките својства на водата и забавата која може да произлезе од истите. Иако водата се смета за нешто обично и досадно, овие трикови ќе ви покажат дека е една впечатливо забавна течност.