Еден човек кој е парализиран од половината надолу во последните 13 години, пешачел 30 километри на Маратонот во Лос Анџелес со помош на егзоскелет од 95.000 долари. Адам Горлицки започнал 19-часовно патување.
Сообраќајот и ридовите се покажале како главна пречка за него, но Горлицки успеал да се движи низ теренот, додека неговата тежина била дистрибуирана помеѓу неговиот најсовремен егзоскелет и рачните патерици.
Тој е дел од I Got Legs, непрофитна организација која им помага на луѓето да ги надминат физичките предизвици со помош на различни програми и грантови. Тој го започнал маратонот со неколку пријатели кои му помагале да одржи рамнотежа. Но, до времето кога Горлицки завршил, бил опкружен со поголема група луѓе, кои биле навидум инспирирани од неговото патување и ја понудиле својата поддршка.
Носејќи ја својата „Јас имам нозе“ маица Адам не успеал да ја заврши целата трка од 42 километри, за која се проценува дека би траела 36 часа. Сепак, тој вети дека ќе продолжи да работи на тоа да стане првата парализирана личност која ќе помине целосен маратон на територијата на САД.
Адам досега бил дел од помали маратони, откако го добил егзоскелетот пред 3 години. Тој ја изгубил способноста да оди по голема сообраќајна несреќа во 2005 година, но Горлицки ги поминал следните години наоѓајќи начини за зајакнување на неговото тело.
„Не се чувствувам оневозможен, но не се чувствувам способен. Се чувствувам она што го нарекувам повторно овозможено и сето тоа значи дека се чувствувам моќно.
Неверојатно е да се биде надвор на иста висина со луѓето. Сите одиме кон истата цел и тоа е најдоброто чувство на светот“, вели Адам.