Нов изум ги спојува предностите на дигиталната фотографија со предностите на инстант-фотографијата на поларидот. Оваа направа наречена „Принт“(Prynt) е во вид на футрола за мобилен, чини 150 долари и е компатибилна со iPhone 6s, 6, 5s, 5c, 5, and Samsung Galaxy S5 и S4, а сликите се печатат врз специјални фото ленти, по пат на термичко-трансферно печатење. Еден пакет од 50 вакви ленти ќе чини 25 долари.
„Денес луѓето сликаат илјадници слики со нивните телефони, но никогаш не ги гледаат“, вели основачот Клеман Перо. „Така решивме да создадеме предмет кој ќе им овозможи да ги споделуваат своите слики со нивните пријатели и семејства на опиплив начин.“ Француската компанија нуди попуст за Св. Валентин.