Одлична вест за алкохоличарите од понежниот пол! Тим на дизајнери креирал чанта во која што ќе можете да си ставите до 1,5 вино и да пиете каде што ќе посакате. Оваа чанта чини „само“ 77 долари и е наменета за сите жени кои сакаат да го задржат стилот и елеганцијата додека пијат.

Чантата е креирана од страна на Бела Вита, поточно од Гунар Хамербек и Мариса Кина. Мариса вели дека чантата ја направиле за да биде идеална за друштвени настани, да изгледа убаво, но и да биде корисна. Таа е изработена од посебен материјал кој ја регулира температурата. Чантата наскоро ќе биде пуштена во дистрибуција низ Европа.

Можете да ја носите чантата и без да ја полните со вино, но кога веќе е наполнета за жал нема да има доволно место за паричникот, мобилниот и други потребни работи. Од Бела Вита ја рекламираат како чанта за вино, но Вие можете да ставите во неа се што ќе посакате, на пример ракија.

Сподели на Facebook
пати видено