Од време на време ќе се појави случај на убиство кој е толку чуден што лили како да е дело на холивудски сценарист. Но во случајот на Балбурга „Доли“ Ојстарајх, нејзината скандалозна приказна вклучува сѐ, од чудна тајна врска до шокантно убиство, и сѐ е вистина.
Младата Доли Ојстерајх
Валбурга „Доли“ Ојстерајх, германска емигрантка, била израсната на фарма и поголемиот дел од нејзиниот живот го минала во сиромаштија. Но, сето тоа се изменило кога во 1910-тите се омажила за Фред Ојстерајх, богат сопственик на фабрика. Поголемиот дел од своите пари Фред Ојстерајх ги заработил произведувајќи женска облека, особено женски кујнски престилки. Имал огромна фабрика во Милвоки, и парот живеел таму неколку години пред да се пресели во Лос Анџелес.
Фред Ојстерајх, богатиот маж на Доли
На површината изгледало дека Фред и Доли Ојстерајх живееле сосема нормален живот. Но, зад сцената, Фред Ојстерајх многу пиел и брачните другари многу се карале. Постепео Доли се преобразила во типична несреќна сопруга и почнала да бара љубовник. Го фрлила окото врз Ото Санхабер, 17-годишниот одржувач на машини за шиење кој работел во фабриката на нејзиниот сопруг.
Доли го забележала нејзиниот љубовник во фабриката на нејзиниот сопруг
Санхабер бил висок, привлечен човек и бргу се сплеткал во животот на Доли Ојстерајх. Врската започнала кога Доли се јавила во канцеларијата на нејзиниот сопруг, жалејќи се дека ѝ се расипала машината за шиење, по што Санхабер дошол кај неа да ѝ ја поправи. Доли Ојстерајх го пречекала Санхабер во секси наметка и чорапи. Оттогаш, Санхабер се сметал себеси за нејзин „секс роб“.
Валкани игри
Двајцата се среќавале во текот на денот, наоѓајќи се во хотели, а на крај и во нејзината семејна куќа, кога нејзиниот маж ќе заминел на работа. Не поминало долго време и соседите почнале да се сомневаат и да коментираат за нејзината верност. Доли се обидела да го претстави младиот Санхабер како нејзин „полубрат-скитник“.
Санхабер се преселува во поткровјето
На крајот Доли сфатила дека мора да смисли добар план да го држи својот љубовник блиску до себе без некој да го надгледува нејзиниот морал. Нејзиното конечно решение било да го смести Санхабер во поткровјето. Санхабер многу радо се решил да го отфрли својот дотогашен живот и да се пресели правливото поткровје на Ојтерајхови.
Го криела од светот
Можете да си замислите колку депресивно изгледало неговото ново живеалиште. На подот имало само душек, еден сад за вршење нужда и газиена лампа. Кога се вселил, сѐ што донел со себе е материјал за пишување и читање за да се занимава со нешто кога не ја задоволувал Доли. Но, набргу од роб за секс станал роб за сѐ. Кога не бил во кревет со Ојстерајх, тој готвел, чистел, ги местел креветите, миел садовите, и се грижел за домашните потреби на Ојстерајхови.
„Гнездото“ на човекот-лилјак
Момчето сонувало да стане писател, па дури и објавил нешто во разни списанија под псевдоним. Но, Санхабер немал пари и Доли никогаш не му давала нешто повеќе од неколку парички. На крајот почнала и да го заклучува горе, за нејзиниот сопруг случајно да не го најде во неговото грозно живеалиште.
Смртта на Фред
Сосема очекувано, љубовната врска помеѓу Доли Ојстерајх и Санхабер не траела вечно. Една ноќ Ојстерајхови ужасно се скарале и Санхабер се стрчал по скалите со два пиштоли во рацете и го застрелал запрепастениот сопруг кој не можел да сфати од каде се појавил сега тој човек.
Божемен грабеж
По смртта на Фред Ојстерајх, Доли и Санхабер се обиделе да направат убиството да изгледа како грабеж. Му го зеле дијамантскиот часовник, а Санхабер ја заклучил Доли во еден плакар и го фрлил клучот. Потоа се вратил во своето живеалиште, за да се скрие пред да дојде полицијата. Убиството останало нерешено со години и полицијата отпрвин се сомневала во Доли, но не можеле да поврзат како би можела да го убие својот сопруг ако била заклучена.
Прељубите на Доли
Доли го завела и својот адвокат Херман Шапиро, но неколку пати ѝ се испуштиле некои нешта поради кои тој се посомневал во неа. Првин открил дека таа сѐ уште го има часовникот на нејзиниот сопруг, кој наводно бил украден во грабежот. Потоа полицијата ги нашла и револверите кои Доли некако го убедила соседот да ги сокрие. На крајот завршила в затвор, и веќе немало кој да му доставува храна на нејзиниот скришен љубовник на таванот.
Шапиро го наоѓа чудакот на таванот
Ојстерајх на некој начин го убедила Шапиро да го храни Санхабер додека таа е во затвор, и во еден миг Шапиро се согласил на тоа. Но, набргу излегол од трансот во кој се наоѓал кога се запознал со Санхабер и почнал да дознава детали за нивната чудна врска. Дознал дека тој е првиот човек со кој Санхабер проговорил цели десет години, освен со Доли. Набргу го баталил „човекот лилјак“ и раскинал со Доли Ојстерајх.
Санхабер го сменил своето име и се оженил
Кога во весниците се прочуло за случајот, животот на Доли тргнал удолу. Санхабер, плашејќи се од обвинение за убиство, избегал од земјата и го променил своето име во Волтер Клајн, за на крај да се ожени со друга жена во Канада. Но, не издржал долго и повторно избегал во Лос Анџелес, каде што бил фатен и изведен пред суд.
Јавноста ужасната од поткровното живеалиште
Доли и Санхабер биле ослободени од обвинението поради недостаток на докази, како и разни бирократски пропусти. Но, јавноста се згрозила кога дознала за тајниот живот во поткровјето, осудувајќи го случајот како нешто одвратно и неморално. Доли остатокот од својот живот го проживеала со нејзиниот нов љубовин и умрела во 1961.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!