Регионот, во бразилската држава Амазон, се знае дека е окупиран од шест племиња кои биле контактирани од луѓето. Но, се верува дека има најмалку 16 други племиња кои живеат во шумата, кои никогаш не биле во контакт со цивилизацијата.
Едно од тие племиња е и оваа. никој не знае како се вика племету ниту пак како функционира. Видеото било снимено над широка област на густата амазонска дождовна шума во западниот дел на северниот дел на Бразил.
Снимките биле направени со помош на дрон, бидејќи експертите од агенцијата за заштита на изолирани племиња сметаат дека е ова е најбезбеден начин да се загрозат животите на домородците, но и на вработените од агенцијата.
Групата, исто така, пронашла елементи кои го потврдиле присуство на изолирани племиња во регионот, вклучувајќи и напуштена камен секира врзана со растителни влакна, рог направен од кора од дрво и кануа.
Тимот, исто така, пронајде докази за нелегални ловци во регионот за кои се верува дека се фаќаат егзотични амазонски видови, вклучувајќи ги и стапиците поставени во притоките на реката Јуруазињо.
Од агенцијата велат дека нема да се обидат да воспостават контакт со племето и дека ќе ја почитуваат нивната изолираност.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.