Тесла сака да го зголеми производството на својот модел 3 до околу 20.000 автомобили месечно до декември и околу 10.000 автомобили неделно во 2018 година, според изјавата на извршниот директор Илон Маск.

Фабриката, која се наоѓа во Спаркс, Невада, е местото каде што Тесла ги произведува батериите за своите електрични автомобили и својот Модел 3, првиот електричен автомобил на пазарот за големи автомобили.

Но, со цел компанијата да ги исполни овие возвишени цели, таа, исто така, мора да го зголеми производството на батериите. Тука на сцена стапува гига-фабриката. Новите снимки од дрон, објавени од корисникот на YouTube, Калифорнија Фантом, минатиот четврток ја доловуваат огромната големина на фабриката, но исто така покажуваат дека многу работи се случуваат во фабриката.

Фабриката се наоѓа на површина од над 1.200 хектари, која што освен што се користи за просториите на самата фабрика, голем дел од оваа површина е и паркинг простор за вработените. Фабриката има неколку ката и драстично се променила од почетокот на изградбата во декември. Кога ќе биде целосно во функција ќе биде во можност да произведува најмногу батерии во светот, од било која друга фабрика за литиум-јонски батерии, според Маск.

Сподели на Facebook
пати видено