Запознајте се со Алос, 2-годишно маче од Турција чиишто очи во различна боја (сина и зелена) го направија најновата интернет сензација. Неговите очи мене ми се најубави на целиот све, вели неговиот сопственик Бурчу Кајнак. Различната обоеност на очите се должи на здравствената состојба хетерохромија, која е резултат на вишок или недостаток на меланин. „Воопшто не се одразува на неговиот вид“, додава Кајнак. „Луѓето се многу заинтересирани за него, било да се работи за сликите на социјалнте медиуми или пак кога се шетаме надвор.“ Алос веќе има над 10 000 следбеници на Инстаграм.