Еден Македонец отишол да работи во САД. Нашол работа човекот во една продавница за овошје и зеленчук. Еден ден дошол еден клиент и сакал да купи половина зелка. Нашиот човек му објаснил дека не продаваат половина, може да се купи само цела зелка. Клиентот се налутил и почнал да вика дека тој е КЛИЕНТОТ и тој ќе каже каква зелка сака. Клиентот секогаш е во право, итн. итн. Македонецот што да прави, влегол внатре и почнал да ја сече зелката. Во тоа време внатре влегол газдата и го прашал што прави.
– Еј, еден идиот сака половина зелка.
Сепак клиентот влегол зад него и газдата му дал знак дека го слушнал. Затоа Македонецот побрзал да додаде:
– А другата половина ќе му ја дадам на овој љубезен господин.
Клиентот заминал задоволен. Шефот бил импресиониран од начинот на кој нашиот човек реагирал и го прашал од каде е.
– Јас сум од една мала земја, не си слушнал. Таму има само к*рви и фудбалери.
– Е ако де, кажи ми како се вика.
– Македонија.
– Еее, како не ја знам, мојата жена е Македонка.
– Аааа, супер, а во кој тим игра?

Сподели на Facebook
пати видено