Шпанските обвинители побарале девет години затвор за Сантјаго Санчез Рамирез кој тврди дека во три наврати успеал да заземе позиции од кои можел да ги убие шпанскиот крал, премиерот како и други високи државни службеници. Рамирез тврди дека тоа го сторил со намера да покаже колку е ранливо кралското семејство, но и политичарите, како и познатите фудбалери.Така минатата седмица на Централниот кривичен суд било откриено дека Рамирез резервирал хотелски соби во близина на парадите одржани за денот на државноста во 2012 и 2013 година, а истото го сторил и за денот на крунисувањето на кралот Фелипе VI во 2014 година. Во сите три случаи поставил телескопска видео камера која нанишанила во кралот Фелипе VI, неговиот татко поранешниот крал Хуан Карлос, како и премиерот Мариано Рахој.

k

Потоа тие видео снимки, од коишто едната ја нарекол „Денот кога можев да го убијам кралот“, ги објавил на социјалните мрежи, заедно со нацртани мети врз личностите на кои нанишанил. Обвинителите наведуваат дека видео снимките се професионално изработени и дека „на убедлив начин ја откриваат можноста за атентат врз јавни личности, сугерирајќи дека таквите напади можат лесно да се изведат“.

Рамирез за шпанскиот онлајн весник Ел Конфиденсиал детално опишал како ги извел своите „акции“.

„Имав оружје, вистинско оружје, во актовката која ја носев со себе. Оружјето го прошверцував низ сите полициски контроли, сѐ што требаше да направам е да ја покажам својата лична карта и да кажам дека одам во својот хотел. Тоа беше тоа. Никој ништо не ми рече, а таму бев цела ноќ и цел ден.“

Освен кралот и премиерот, Рамирез на нишанот наводно ги имал и светски познатите фудбалери на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо и Гарет Бејл, но и претседателот на Реал, Флорентино Перез. Претставниците на клубот кренале тревога кога Рамирез им пратил фотографија на играчите за време на нивниот тренинг.

Рамирез на крајот бил уапсен во јули 2014 година, при што му биле најдени копии на огнено оружје, како и онеспособено оружје. Но, покрај тоа, му биле најдени и пет вистински пушки и пиштоли. Врз основа на тоа, односно врз основа на незаконски поседуваното оружје и муниција, обвинителите за него бараат казна затвор во траење од девет години, како и 10-годишна забрана за барање дозвола за носење оружје.

Секако, потенцијалниот атентатор тврди дека сето тоа го сторил за да укаже на недостатокот на безбедносни контроли. Дури вели и дека повеќе пати се обидел полицијата и политичарите да ги предупреди на безбедносните пропусти.

„Сакав да ги предупредам на сериозните безбедносни пропусти во Шпанија и да им покажам како само еден џихадист би можел да ги искористи тие пропусти. Но, никој не ме доживуваше сериозно“, изјавил Рамирез за Ел Конфиденсиал.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено