Ова би можело да биде одговор на заканата од дронови – „смртоносен зрак“ кој со помош на радио бранови може да ги онеспособува од оддалеченост од 1,5 километри. Системот беше претставен во Лас Вегас како одговор на големата загриженост од беспилотните летала. Функционира така што со моќни радио бранови ја блокира нивната комуникација и ги исклучува среде воздух.

dr01

„Ако можам да го видам, можам и да го убијам“, вели Рик Сондаг, извршен потпредседател на Литај Систем, кој го продава уредот, и кој го објасни на саемот за комерцијални беспилотни летала кој се одржа оваа недела во Лас Вегас, како што известува Гардијан.

Во почетокот на оваа година Литај од Колорадо беше назначен за дистрибутер за овој уред во САД и Канада од страна на партнерите производители: Ентерпрајз, Чес Системс и Блајтер. Сондак се надева дека ќе успее да го продаде системот на аеродроми и други места кадешто националната сигурност е од големо значење.

MoS2 Template Master

„Американската влада, како и секоја друга, има критична инфраструктура и ако не мислат дека можат да ја заштитат, тогаш ќе донесат закони кои ќе го попречуваат напредокот“, вели Сондаг.

„Системот може да се употребува во оддалечени, како и во урбани средини за да се спречи употребата на беспилотни летала за терористички напади, шпионажа или други непожелни активности против локациите со критична инфраструктура“, истакнуваат производителите. „Неговиот капацитет за онеспособување е привлечна можност за воените сили, внатрешните органи за безбедност, како и за пограничните сили за безбедност.“

 

dr03

Производителите тврдат дека се потребни десет до петнаесет секунди за да се лоцираат и онеспособат повеќе дронови одеднаш. Технологијата е дизајнирана за да пресретнува цивилни мини-дронови и не би можела да влијае врз комерцијалните или воените летала кои употребуваат криптирани комуникации.

dr04

Дроновите во последно време, покрај тоа што се омилена играчка на тие кои можат да си ги дозволат, предизвикуваат паника кај обичните граѓани, загрижени за нивната приватност, лична и општа безбедност. Дополнителна загриженост беше предизвикана кога беа забележани дронови врз нуклеарни станици и воени бази во Франција.

Сподели на Facebook
пати видено