Овие впечатливи фотографии ја покажуваат посветеноста на младите монаси во вежбањето кунг фу, коишто речиси како да лебдат во воздухот за време на изведувањето. Монасите се облечени во нивната препознатлива традиционална облека и се дел од Западниот Шаолински храм во Жонгшан. Иако многумина слушнале за познатиот Шаолин храм во Женгшу, неговиот западен огранок можеби е помалку познат, но ништо помалку впечатлив. Зад манастирот се протегаат раскошни планини кои го одземаат здивот, а богато украсените згради се дополнително оживеани со бројни знамиња и живописни столбови.

Покрај традиционалната кинеска боречка вештина, во овој храм младите Кинези имаат можност да се запознаат и со другите традиционални вредности, нешто со што Кина изобилува.

sn01

sn02 sn03 sn04 sn05 sn06 sn07 sn08 sn09 sn10

Сподели на Facebook
пати видено