Младите и старите луѓе кои работат како рачни канализациски работници го имаат едно од најопасните работни места во светот. Тие се „борат“ со нечистотија и смрдеа кога се спуштаат на најгнасните места и ги ризикуваат своите животи за бедна плата од околу 7.500 до 10.000 рупии (од 90 до 120 евра).

Приватните дневни работници ги плаќаат само до 500 рупии (5 евра) дневно, за чистење. Неодамнешните статистички податоци на владата откриваат дека рачен канализациски работник починал на секои пет дена од почетокот на 2017 година додека ги чистел каналите.

32-годишен маж е „најновата жртва“ на оваа професија и активистите почнале со протести на улиците низ Индија. Вкупно 573 лица загинале помеѓу 2008 и 2018 година, покажуваат податоците. Уште 96 лица загинаа од јануари до септември оваа година.

Потоа, на 9 септември, петмина загинаа при чистење на канализациона јама во Делхи. Вишал, 20, Панкај, 26, Сарфарац, 19, Ража, 22, Умеш, 20, и Прадип работеле како работници за одржување и оператори со пумпи во станбена зграда.

Но, тие биле принудени од нивниот претпоставен да влезат во септичка јама за да ја исчистат – без никаква заштитна опрема или маски. Само Прадип преживеал, додека другите починале по вдишување на отровни гасови додека ја чистеле јамата.

Само неколку недели подоцна, на 17 септември, 28-годишен маж починал додека чистел канализација во Западен Делхи. Смртта ги поттикна активистите да маршираат во Њу Делхи една недела подоцна, со плакати кои ја „брендираат“ професијата како „Холокаустот на Индија“. И покрај нивното барање за подобри услови, друг човек загинал во недела.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено