Маж останал парализиран од страв кога тигреста змија почнала да ползи нагоре по неговата нога, откако му влегла под фармерките. Чина Гибсон работел на неговиот имот во Нов Јужен Велс кога неговите кучиња почнале да ја бркаат змијата и таа се „сокрила“ во неговите фармерки.

Во видеото Чина ја вади змијата со раце од фармерките влечејќи ја за опашот.

Човекот бил преплашен до смрт од отровницата и за да купи на време успеал да стави стега на главата на змијата за да ја спречи да го гризне. Г-дин Гибсон изјавил дека немал друг избор освен да се справи со ситуацијата. Овој екстремно отровен вид, се наоѓа во јужните региони на Австралија.

Каснувањето од тигрестата змија може да биде фатално. Чина вели дека и тој и змијата успеале да избегаат од оваа несакана средба без смртоносни последици и повреди. „Проклети змии. Биди добар со нив и тие сакаат да ти ползат по ногата и да ве преплашат до смрт.“, вели Чина.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено