Играчка за деца наречена „Magnetic Putty“ е повлечена од полиците откако било откриено дека содржи седум пати повеќе од дозволената легална граница на арсен. Оваа „лигава“ играчка се продавала на пазарот во Нортемптоншир, но за среќа сега е запленета.
Играчката функционира со помош на магнетна коцка со која децата можат да прават било какви форми со смесата која што е во кутијата. Количината на арсен во играчката би можела да убие дете и властите се плашеле дека некое дете би можело да се отруе доколку случајно ја стави смесата во уста.
Резултатите откриле дека смртоносната играчка исто така има 29 пати поголема магнетна сила од дозволената и два пати повеќе олово од дозволеното. Експертите велат дека дете би можело лесно да ја проголта. На играчката стоело дека е несоодветна за деца од 0-3 годино, но немало никаква ознака дека е во согласност со безбедносните услови на Обединетото Кралство за играчки.
Исто така, немало идентификација на производителот или увозникот. Службата за трговски стандарди во Нортхамптоншир соопшти денеска дека „недостатокот на овие детали укажува на тоа дека можеби не е направена соодветна проценка на безбедноста на играчката, што го отежнува следењето и отстранувањето на производот од продажба“. Забраната и запленувањето се однесуваат само на оваа конкретна играчка, а не на сите играчки од ваков тип.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!