На почетокот на јули Бетси Дејвис испратила имејл до нејзините најблиски пријатели и роднини да ги покани на дводневна забава, велејќи им:

„Овие околности не се какокај  ниедна забава на која сте присуствувале досега, и ќе ви треба емоционална издржливост, сосредоточеност и отвореност.“

Womans Final Party

И само едно правило: Никој да не заплаче пред неа.

41-годишната уметница со амиотрофична латерална склероза или Лу Геригова болест, го организирала собирот за да се збогува пред да стане една од првите Калифорнијци кои ќе примат смртонозна доза на лекарства, сопред новиот закон за еутаназија, т.е. извршување самоубиство со лекарска помош за смртно болните луѓе.

За мене и за сите кои беа поканети, ова беше голем предизвик, но воопшто не се поставува под сомнеж дали би биле таму за неа“, вели Нилс Алперт, кинематограф од Њујорк.

APTOPIX Womans Final Party

„Замислата да појдеме и да поминеме прекрасен викенд кој ќе кулминира со нејзино самоубиство – тоа не е нормална работа, не е нормална и секојдневна појава. Зад сета таа прекрасна забава, насмевки и смеа кои ги имавме тој викенд беше свеста за тоа што следува.“

Дејвис подготвила детален распоред за собирот за време на викендот на 23-24 јули, вклучувајќи го и точното време кога таа ќе падне во кома, и го споделила тој распоред со гостите во поканата која им ја испратила. На забавата дошле повеќе од 30 луѓе во куќата со трем во сликовитиот град Охај, јужна Калифорнија, долетувајќи од Њујорк, Чикаго и цела Калифорнија.

Womans Final Party

Една жена донела виолончело. Еден човек свирел на усна хармоника. Имало коктели, пица од нејзината омилена локална пицерија, а во нејзината соба бил пуштен еден од нејзините омилени филмови, „Танцот на реалноста“, заснован на животот на еден режисер од Чиле. Како што викендот се ближел кон крајот, нејзините пријатели ја бакнале за збогум, се собрале за групна фотографија и си заминале, а Дејвис ја одвезле до креветот со завеси поставен на ридот, каде што зела комбинација од морфин, пентобарбитал и хлорал хидрат препишана од нејзиниот доктор.

Womans Final Party Womans Final Party

Кели Дејвис вели дека многу ѝ се допаднала идејата на нејзината сестра за забавата.

„Очигледно тоа беше тешко за мене. Сѐ уште е тешко а мене“, вели Дејвис. „Најлошото беше кога морав да излезам од собата од време на време, бидејќи почнуваше да ме стега грлото. Но луѓето сфатија. Тие знаеја колку страдаше таа и дека таа немаше никаков проблем со нејзината одлука. Тие го почитуваа тоа. Тие знаеја дека таа сакаше тоа да биде среќен настан.“

Womans Final Party

Дејвис си го одзела својот живот нешто повеќе од еден месец откако со нов закон на американската држава Калифорнија на смртно болните им се дала и таа можност.

Дејвис со месеци го планирала своето заминување, откако последните три години малку по малку целосно ја губела контролата врз нејзиното тело. Талентираната сликарка веќе не можела ниту да стои, да си ги измие забите, ниту да се допре себеси. Нејзините негуватели морале да го преведуваат нејзиниот нејасен говор на другите.

cv06

Сподели на Facebook
пати видено