Пред речиси еден месец, 33-годишниот обожавател на Марвел по име Александар објавил на Reddit дека би сакал да може да го види најновиот филм „Одмазници:Крајна игра“, а причината поради која сакал да го направи тоа довела до солзи во очите кај многу луѓе.
Александар признал дека е смртно болен и дека големи се можностите да не ја дочека премиерата на филмот во април.
Тој не се надевам дека неговата искрена „исповест“ ќе предизвика голема кампања, која ќе го привлече и вниманието на актерот Крис Хемсворт. Александар изјавил дека бил сосема здрав човек сѐ додека не го открил ракот на уста во 2017 година. Тогаш тој имал 32 години, а на истата возраст починала неговата сестра, која боледувала од леукемија и зад себе ја оставила нејзината 4-годишна ќерка.
Само една година подоцна по првата дијагноза на рак, тој добил шокантни вести дека ракот се проширил во црниот дроб. Само три месеци подоцна тестовите откриле дека Александар страда од ретко генетско нарушување наречено Фанкони анемија. Ова нарушување е одговорно за неговите видови на рак и веројатно и за смртта на неговата сестра. Најлошата вест е што нарушувањето го прави чувствителен на хемотерапија – третман кој може да го продолжи животот.
Оваа трагична приказна не останала незабележана. Луѓето биле трогнати и направиле сѐ Марвел да слушне за приказната на Александар. Благодарение на добродушни луѓе на интернетот желбата на Александар била исполнета. Некој човек му пишал дека се знае со актерот Крис Хемсворт, кој го игра Тор во филмот и дека и тој се заинтеренсирал за случајот на Александар. Иако филмот сѐ уште не е целосно подготвен тие ќе направат исклучок за да може Александар да го гледа наскоро.