Не постои научен доказ дека вашиот клима уред ќе ве убие, или дека вашата душа може да ви отиде во краевите на вашата коса. Но, во зависност од тоа каде во светот се наоѓате, овие стравови можат да бидат многу вистински. Дали сте доволно храбар да се обидете да пресечете парче леб во Англија, да засадите дрво во Кетаки или да се истуширате во Бразил? Можеби мислите дека сте, но потоа ќе дознаете дека тоа ќе значи сигурна смрт.

Туш на смртта

str01

Што и да правите во Бразил, немојте да се најадете пред да влезете под туш или во када. Ако го направите тоа, ќе умрете. Секоја бразилска баба жестоко ќе ве искара доколку го сторите тоа, иако не постои цврст доказ за основаноста на овој страв. Капењето веднаш по оброкот може да го прекине варењето, но во таков случај, болката во стомакот е најлошото со што би можеле да се соочите.

Смрт од вентилатор

str02

Во Јужна Кореја е многу добро познато дека ако заспиете со оставен вклучен вентилатор, ќе умрете. Електричните клима уреди во Јужна Кореја имаат вградени тајмери на нив, за вашиот вентилатор да не биде вклучен предолго. Дури можете да видите извештаи за вакви смртни случаи во весниците. Вообичаените причини за нив се премрзнувањето и задушувањето. Причината за овој бизарен страв веројатно доаѓа од енергетската криза во седумдесеттите. Кампањата за штедење на електрична енергија можеби придонела за раѓањето на овој мит.

Несреќно селфи

str03

Не сликајте селфи со тројца во Јапонија. Според суеверието во оваа зњмја, личноста во средина ќе умре пред другите двајца.

Потстрижување

str04

Монголците традиционално се плашат од потстрижување. Првин ќе појдат на доктор за да се уверат дека душата не им се преселила во краевите на косата пред да се потстрижат. Една од првите големи церемонии во животот на секое монголско дете е првото потстрижување при што главата се бричи. Ова се прави само на определени, среќни денови. Во спротивно на детето лошо му се пишува.

Здраво, збогум

str05

Ако се прекрстат рацете додека се ракувате, тоа ќе донесе лоша среќа за сите. Кога се поздравуваат во група, Италијанците попрво ќе појдат од околу за да се поздрават, отколку да посегнат преку рацете на некој друг. Кај нас пак за овој случај постои верување дека ако се прекрстат рацете при групно поздравување, некој ќе се ожени.

Смрт од леб

str06

Кога некој сече леб во ваше присуство во Англија, веднаш напуштете ја просторијата. Ако откријат шуплина во векната, тоа значи дека некој на масата ќе умре. Шуплината претставува ковчег, и можеби вие сте тие кои ќе го пополните, според ова англиско празноверие.

Сечење нокти

str07

Сечењето нокти на погрешен ден носи тешка несреќа на Филипините. А ако ги сечете ноќе, некој во семејството ќе умре. Ако пак ги сечете в петок, ќе се разболите.

Садење дрво во Кентаки

str08

Не би сакале да засадите кедар во Кентаки. Има повеќе стари суеверија поврзани со овие дрвја, но кај сите резултатот е ист: кога дрвото ќе порасне, вие ќе умрете. Подобро ви би било да посадите даб.

Празна кофа

str09

Дури и самото погледнување во празна кофа во Русија носи лоша среќа, а ако носите празна кофа наоколу, се осудувате и вас самите и другите околу вас на сигурна пропаст.

Бројот четири

str10

Ако кажете дека се плашите од бројот тринаесет, луѓето ќе климнат со главата, разбирајќи ве. Но ако им кажете дека се плашите од бројот четири, веројатно ќе ве проследат со зачудени погледи. Тоа е така бидејќи не сте во Кина, кадешто стравот од бројот четири е многу чест. Лифтовите немаат четврти кат, броевите на собите ја немаат оваа бројка бидејќи низ целата земја се смета за несреќен број. Зборот за „четири“ во кинескиот јазик звучи многу слично како зборот за „смрт“ и тој страв се должи токму на овој факт.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено