Рибар од Западна Австралија, познат како „човекот ајкула“ е снимен на неверојатна фотографија на која се гледа како тој и негов пријател се борат со огромна тигреста ајкула на плажата Камарвон. Џош Батерворт и Џетро Бонича, и двајцата дваесет и деветгодишници биле снимени како се борат да ја извлечат џиновската ајкула на плажата.

Двајцата рибари уловиле десет големи тигрести ајкули за време на четиридневното рибарење во јуни, и како што велат, има уште многу такви кои демнат во водите на само неколку метри од брегот.

Тие не користат механичка опрема да ги извлечат огромните грабливци на брегот штом ќе загризат. Ја користат само сопствената сила.

„Штом ќе се уловат, мора силно да влечеш. Едноставно мора да си го посветиш целото тело на тоа, и кога ќе ги довлечкаш до плажата, некој мора да се стрча во водата да ја зграби за опаш“, велат тие.

aj01 aj02 aj03 aj04 aj05 aj06 aj07 aj08 aj09 aj10 aj11 aj12 aj13

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено