Замислете да поседувате голема куќа, да го носите најскапиот накит и да сте обезбедени до крајот на Вашиот живот и сето тоа со приходи кои спаѓаат под средната класа. Сè што треба да направите е да се „намалите“ на 12 сантиметри. Во филмот „Downsizing“ ова е возможно.
Поентата на смалувањето е луѓето да заземаат помалку простор а со тоа да се реши проблемот со пренаселеноста и да се спаси планетата. Во филмот главниот лик, Пол (Мет Дејмон) кој работи како професионален терапевт во Омаха и одлично комуницира со пријателите и колегите, но во исто време ги крие финансиските проблеми кои ги има со неговата сопруга Одри (Кристен Виг). Пол само што завршил со отплата на студентскиот кредит и ја променил кариерата за да се грижи за болната мајка. Тој и Одри сакале да купат поголем дом, но нивното барање за хипотека е одбиено.
Сите овие проблеми ги „мотивираат“ Пол и Одри да се намалат со помош на новата технологија на 12 сантиметри. Нивниот вкупен приход од 152.000 долари се зголемува во 12, 5 милиони долари. Тие имаат огромна куќа, луксузни автомобили и навидум совршен живот. Тогаш Пол сфаќа дека не е се во парите, но мора да продолжи со ваквиот живот. Буџетот за визуелни ефекти на филмот бил прилично голем. „Смалување“ е режиран од Александар Пејн и се прикажал премиерно на 74-от Венеција филмски фестивал на 30 август 2017 година, а во кината ќе почне да се прикажува од 22 декември.