Како дел од огромен реставраторски проект кој траел повеќе од дваесет години, истражувачи од универзитетот Кембриџ најпосле успеале да дешифрираат песна стара 1000 години. Навистина прекрасното музичко дело е повторно вратено во живот преку изведбата на Секвентија, трочлен музички состав чијашто специјалност е изведбата на музика од тие времиња.
Песната се вика „Carmina qui quondam“ и само една од многуте реставрирани песни најдени во ракопис од 11. век. Ракописот, кој е дело на философот Боетиј, се чувал во Кембриџ, но бил украден и изгубен 142 години, кога случајно бил најден во библиотека во Франкфурт, Германија. Отпатувајте назад во времето слушајќи ја оваа прекрасна песна.