Вооружен минувач убил еден напаѓач кој отворил оган во преполн ресторан во Оклахома во застрашувачки напад, кој оставил жена и две деца повредени. Напаѓачот, белец, со очила за сонце и заштита за ушите, се соочил со лице пред ресторанот кое го застрелало и убило.
Напаѓачот е едниствената личност која била убиена во нападот, а четири лица завршиле во болница. Капетанот на полиција, Бо Метјуз изјавил дека вооружениот цивил бил „благослов“.
Човекот, кој не бил идентификуван, почнал да пука во Louie’s Grill and Bar околу 18:30. Тој погодил мајка на две деца, Натали Вил и нејзината 12-годишна ќерка Нија, додека влегувале внатре за 14-тиот роденден на постарата ќерка Шајла.
Уште едно 14-годишно девојче по име Алекс, најдобрата пријателка на Шајла, исто така била застрелана.
Нија, Алекс и Натали се во стабилна состојба. Таткото на Алекс изјавил дека би сакал да го запознае „добриот човек“ кој го застрелал напаѓачот и да го прегрне.
Многу контроверзии кружат за случајот поради законот за оружје во Америка.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!