Во голем број на студии и статистики се спомнуваат Словенските народи. Ние се истакнуваме во различни области, позитивни и негативни.
Ви претставуваме листа со резултати кои навистина го привлекоа нашето внимание.
Најтешки алкохоличари
Ние можеме да започнеме со најмалку изненадувачката статистика, а таа е многу тесно поврзана со нашата љубов кон алкохолот. Светската здравствена организација направи листа на светски земји поврзана со консумирање на алкохол по глава на жител. И нема потреба да се расправаме за првото место бидејќи сите словенски земји се наоѓаат во ТОП 20. Меѓутоа, ако има борба, Белорусија сигурно ќе победи, бидејќи тие го држат првото место со години. Од друга страна, Чешка, исто така, може да биде горда, бидејќи истражувањата покажаа дека Чесите пијат најмногу пиво во светот.
Најтешки јазици за учење
Голем број меѓународни извори наведоа некои словенски јазици како дел од 25те најтешки јазици за учење во светот. На оваа листа се наоѓа и Македонскиот. Јазиците што нашите несловенски пријатели сметаат дека се најтешки за учење се Словенечки и Хрватски.
Најстроги закони за проституција
Можеме да се фалиме дека сме отворени за сè, но тоа не го менува фактот дека од цела Европа, словенските земји имаат најнеповолни закони за проституција. Ние сме единствените кои ја забрануваат проституцијата на начин на кој проститутките ќе бидат казнети. Со други зборови, можете да купите секс, но не можете да го продадете. Но, казните се многу пониски од оние на пр. во Франција, каде што ќе треба да платите 1500 $ ако ве фатат како клиент на проститутка.
Највисок сексуален нагон и повеќе …
Иако не можеме да се пофалиме дека сме на врвот на секоја листа, словените високо се рангираат на скоро сите статистики поврзани со сексот објавени во текот на последните неколку години. Полска и Чешка се наоѓаат на листата на земји каде жените имаат највисок сексуален нагон. Хрватска и Србија, се дел од најголемите порно потрошувачи во светот. Ако се прашувате што најмногу гледаат, истражување од Pornhub покажа дека тие едноставно не можат да им одолеат на тинејџерките.
Една неодамнешна психолошка анализа од 48 земји ја стави Хрватска, Словенија и Чешка на друга листа. Според нивното истражување, жените од овие земји се меѓу 15-те најпромискусни во светот. Додека од сите жени во светот, најредовен секс имаат Русинките.
Генерално небезбедни
Киев бил рангиран како најнебезбеден град во Европа, додека Загреб, Белград, Варшава и Софија исто така добиле местото на таа листа. Словенските земји исто така се рангирани на првите места за најмногу сексуални напади по глава на жител.
Најнебезбедни држави за хомосексуалците
Виножито Европа ја рангираше Русија и Белорусија меѓу 7-те најлоши земји за хомосексуалците во Европа, а слични статистики важат и за останатите словенски држави, освен Чешка, каде што хомосексуалноста е поприфатена.