Слоницата Тонгсри трча за да го заштити својот чувар, во Чианг Маи, Тајланд очигледно верувајќи дека е нападнат. 17-годишната слоница кога забележа дека нејзиниот негувател е „нападнат“ од друг човек веднаш стапи во акција.
Претходно оваа година, истражувачите во Финска открија дека слоновите можат да бидат агресивни, дружељубиви и внимателни – исто како и луѓето. Овие категории на карактерни особини ги дефинираат и машките и женските слонови, велат експертите од Финскиот универзитет во Турку.