Стоунхенџ, древна градба која привлекува милиони туристи секоја година, има многу тајни. Една од поголемите тајни е дека Стоунхенџ каков што го знаеме денес постои од пред 50 години, како резултат на бројни реставрации во изминатите 100 години.

Овој комплекс се наоѓа во Вилтшир, Англија и според археолозите е изграден некаде од 3000 п.н.е. до 2000 година пред нашата ера.  Истражување во 2008 година, посочи дека првите камења биле поставени  пред 2400 и 2200 година п.н.е., додека друга теорија сугерира дека камените блокови се поставени пред 3000 години.

Овие податоци за Стоунхенџ се познати од поновата историја, но малку луѓе се запознаени со фактот дека од  1901-1964, поголемиот дел од камен круг е обновен во серија реставрации кои што можат да се забележат на овие фотографии. Камењата кои што биле оштетени или пак постоела опасност да паднат биле заменети со нови реплики на истите.

 

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено