Прекрасна фотографија со предвреме родено бебе го освои целиот интернет. Објавена од мајката Лорин Винџ, фотографијата била споделена повеќе од 100 000 пати и добила повеќе од 285 000 лајкови на Фејсбук страницата „Love What Matters“.
„Нашата прва ќерка стара пет ден. Тешка 1,7 килограми и пресреќна што е жива! Напишала Винџ во коментарот кон прекрасната слика. „Оваа слика ја гледав за полесно да ги пребродам деновите во одделението за интензивна нега за предвремено родени. Животот е толку скапоцен.“
Со само 1,7 килограми, малото девојченце било доста под нормалната тежина за новороденче, кое се движи меѓу 2,5 и 5 килограми. Но и покрај тоа, тоа е сето насмеано и повеќе од среќна да ја покаже својата блескава веззаба насмевка на камерата.