Славните личности вообичаено се убави пред камерите. Но, некои од нив сакаат да бидат поубави од тоа што им го дала природата. Веројатно ова е една од главните причини поради која се подложуваат на пластични операции, освен се разбира ако се унаказени од некоја несреќа. Но пластичните операции не секогаш завршуваат добро. Еве некои примери:

1. Донатела Версаче

ps01

Донатела Версаче е фотомодел која минала низ многу операции за да биде попривлечна. Но сето тоа било залудно. Таа денес е далеку од нејзината вистинска убавина. Во моментот таа е заменик претседател на групата Версаче. Најзабележливите промени на нејзиното тело се интервенциите на носот и устата.

2. Тара Рид

ps02

Најпозната е по нејзината улога во „Американска пита“. Минала низ процедура на зголемување на градите, како и корегирање на усните.

3, Хајди Монтаг

ps03

Хајди Монтаг е лице од американските ТВ екрани, пејачка и модна дизајнерка. Таа е една од првите жртви на т.н. замрзнато лице, но таа воопшто не се грижи за тоа.

4. Парис Хилтон

ps04

Хилтон си била убава на свој начин, но не била особено среќна со нејзиното лице, а особено била опседната со изгледот на нејзините природни усни. Се подложила на повеќе операции, кои ѝ дале изглед на пластична кукла, изгледајќи многу постара иако има само 30 години.

5. Дерил Хана

ps05

Дерил Хана направила лифтинг на лицето, веѓите и ги пополнила нејзините образи и усни. Иако е очигледно дека направила естетски корекции кои и не се толку успешни, таа не го признава тоа.

6. Доли Партон

ps06

Покрај тоа што е една од кралиците на кантри музиката, за Доли Партон може да се каже дека е кралица на пластичните операции. Се подложила на зголемување на градите, липосукција, блефаропластика, ринопластика. Не оставила ништо недопрено. Таа е среќна со нејзините пластични операции и секогаш отворено говори за нив.

7. Кени Роџерс

ps07

Кени Роџерс исто така сторил доста за да го промени природниот изглед на неговото лице. Неговите очи, образи и воопшто лицето му изгледаат поинаку од порано, и единствено може да се препознае по неговиот глас.

8. Мајкл Џексон

ps08

Мајкл Џексон беше еден од најдобрите пејачи на своето време. По својот природен изглед тој беше типичен афроамериканец, но тој не бил особено среќен со неговата боја на кожата и карактеристиките на неговото лице. Некои велат и дека сакал што е можно повеќе да личи на Дајана Рос, во која бил вљубен. Како и да е, неговото лице после сите тие пластични операции излезе сосема деформирано.

9. Фара Абрахам

ps09

Фара Абрахам е една од најдобрите примери за лоша естетска хируршка интервенција. Таа е порно ѕвезда која минала низ процедури за зголемување на определени делови од нејзиното тело со цел да стане порно ѕвезда. Усните ѝ се сосема оштетени после операцијата.

10. Латоја Џексон

ps10

Латоја Џексон е сестра на кралот на поп музиката, Мајкл Џексон. Таа го следела примерот на нејзиниот брат и се подложила на бројни пластични операции – можеби за повеќе да личи на нејзиниот брат?!

11. Мелани Грифит

ps11

Убавицата Мелани Грифит после естетските интервенции изгледа доста полошо, после полнењето со ботокс, пополнување на усните и поткренување на горните очни капаци, едноставно има нешто погрешно во нејзиниот изглед.

12. Џенис Дикинсон

ps12

Џенис Дикинсон исто така сака да прави пластични операции, но се прашуваме, зар овие луѓе не се свесни за тоа дека си прават лошо? А можеби едноставно се работи за поинаков вкус.

13. Кајетана Фиц

ps13

Кајетана Фиц минала низ повеќе пластични операции во текот на нејзините 87 години. Што ја натерало да ја упропасти нејзината природна привлечност со изглед кој е во најмала рака чуден, само таа си знае.

14. Аманда Лепоре

ps14

Аманда Лепоре е трансџендер модел. Таа сакала да изгледа младо и се подложила на повеќе обиди за подмладување. Но резултатот е доста грд.

15. Џоселин Вилденстајн

ps15

Џоселин Вилденстајн била најубавата дама на седумдесеттите. Нејзиниот сопруг ја оставил за руска манекенка и тогаш таа наумила да му се одмазди така што ќе се подложи на пластични операции кои ќе ја направат многу поубава и помлада. За резултатот проценете сами.

Сподели на Facebook
пати видено