Таткото ја наместил неговата камера кога забележал дека неговата мала ќерка емотивно се внесува во цртаните кои ги гледа додека се на пат. Резултатот е навистина сладок.
Малата Реган од Аурора, Колорадо поминува низ сите човечки чувства додека гледа како верверичките се грижат за малото пингвинче во „The Chipmunk Adventure“. Усните ѝ заигруваат и по образите ѝ се тркалаат солзи додека еден од цртаните ликови пее песна за да го смири пингвинчето.
Кога пингвинчето најпосле се наоѓа со неговата мајка, Реган е обземена од чувствата и заплача како…па, како бебе. Кога татко ѝ радосно извика „Ја најде мајка си! Да!“, си ги избриша солзите.