Посетата на зоолошката градина станала особено незаборавна за едно петгодишно момче кое кога почнало да скока пред мечката, го добило истиот „поздрав“ за возврат.
Патрик Паркер го фати на камера неверојатниот момент во кој неговиот син Иан и мечка од Андите скокаат заедно во зоолошка градина во Нешвил, САД. Малото момче било пресреќно, а неговиот татко тврди дека „скокачката сесија“ траела околу 10 минути.
Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.