Јуниверзал решија да ги остварат нивните планови да ја уништат прекрансата изведба на Ал Пачино во улогата на Тони Монтана во филмот од 1983г. Пренапишувањето на сценариото му е доделено на Џонатан Херман, а зад режијата ќе застане чилеанскиот режисер Пабло Лорен.
Дејството на новата верзија ќе се одвива во Лос Анџелес наместо во Мајами и како и стариот филм ќе раскажува за воздигнувањето на моќта на еден имигрант преку криминални дејанија.
Оригиналниот „Лице со лузна“ (Scar-face) се појави во 1932 и беше продуциран од Хауард Хјуз, а приказната е заснована врз ликот на Ал Капоне. Целта на овој филм била да ја крене свеста за организираниот криминал кој во тоа време доминирал, но општо земено се смета дека е послаб од римејкот во 1983 година.
Доколку новиот римејк донесе уште подобра верзија, уште поубаво, што се вели. Но со оглед на легендарната изведба на уште полегендарниот Ал Пачино, дали тоа е воопшто можно?
Само времето ќе покаже.