Иранските власти бараат исламскиот суд во областа Бахмај во провинцијата Бојер Ахмад да го откаже лудиот брак меѓу 28-годишен маж и 11-годишно девојче. Ова го пишува локалниот новинар Бабак Тагвеј. Тој известува дека оваа одлука е донесена под притисок на општеството, откако снимките од свадбата се прикажани на интернет и на телевизија.
Според информациите, името на педофилот е Милад Чешани, тој е борец, член на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ). Тешко е да се поверува, но Чешан добил дозвола да се жени во исламскиот окружен суд. Милад изјави дека станува збор за „привремен брак“ и дека ќе им се одмазди на оние што го обвинија за педофилија.
За крај само да потенцираме дека според законите на Исламската Република Иран, една девојка може да се омажи од тринаесетгодишна возраст, маж од петнаесетгодишна возраст. За крај да го погледнеме и свадбеното видео.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!