Постојат одредени иконски филмски сцени, а ние како гледачи сме природно привлечени кон нив. Сега има нова филмска дестинација.
Треската за скалите во Њујорк започна по неверојатната популарност на филмот Џокер. Таканаречените „Џокер скали“ може да се најдат во населбата Бронкс во Хибриџ, засадени помеѓу паралелните Шекспир и Андерсон авении.
Малку темни и мрачни овие скали совршено се вклопиле во амбиентот кој се замислува во Готам. Спротивно од скалите на Роки Балбоа, скалите на Артур Флек – Џокер се огледало на животните приказни на сите Американци, приказна за индивидуална амбиција која сурово и понижувачки е игнорирана.
Танцувањето би требало да биде радосно и да го означува животот, но начинот на кој тоа го прави Џокер е морничав и незаборавен за гледање.
Сепак местата кае што има многу „метеж“ се идеални за крадците, така што луѓето предупредуваат секој да си ги кува чантите и паричниците додека чека ред за фотографија, затоа што и крадците ги засакаа овие скали, полни со туристи, баш во духот на анархијата и Џокер.