Скалите на кралот на Арагон (на француски: Escalier du Roi d’Aragon) се камени скали издлабени во вертикалната страна на нваровничка карпа во Бонифачо на островот Корзика, Франција. Скалите се истесани во карпата под агол од речиси 45 степени и се сочинети од 187 скалила. Од морската страна изгледаат како темна закосена линија, а одблизу како цевка вметната во каменот.
Според легендата, скалите биле издлабени од војската на Алфонско V, кралот на Арагон, во времетраење од ена ноќ за време на неуспешната опсада на Бонифачо во 1420 година. Но, реалната причина лежи во тоа што скалите се спуштаат до природен извор и пештера на дното на скалите, и се верува дека овој премин бил ископан од страна на францисканските монаси многу пред трупите на Алфонсо да стапнат на ова тло. Некои сметаат дека првите скалила биле издлабени уште од времето на неолитот, по што биле постојано усовршувани. Денес ова место е популарно туристичко одредиште.