Даки Тот е австралиски модел, често нарекувана „Црната Барби“. Денес оваа девојка има милиони обожаватели, нејзините фотографии собираат стотици илјади лајкови, а најпознатите брендови се натпреваруваат за таа да биде во нивните рекламни кампањи. Но, тоа не било отсекогаш така. Тешко е да се поверува, но моделот морал да преживее прогонство од нејзиниот животен сон, па дури и да направи пауза во кариерата поради потсмев.

Нјадак Тот, која сега е позната како Даки Тот е родена во Јужен Судан. Таа уште како мало девојче сонувала да стане модел. Првиот чекор на патот кон модната индустрија за неа бил да учествува во популарниот проект Australia’s Next Top Model.

Кога Даки учествувала во шоуто имала само 17 години. На проектот, таа се соочила со критики и недоразбирање од стилисти кои не знаеле како да се справат со косата на темнокожата девојка. Обожавателите на шоуто најпрво не ја сакале. Таа била обвинета дека е неприродна и не верувале дека изгледот на куклата е дар од природата, туку на напорите на пластичните хирурзи и вештото користење на фотошоп.

Колегите во модната индустрија исто така кажувале погрдни зборови за Даки. Тие од некоја причина ѝ го дале прекарот „Карфиол“. „Како за 17-годишно девојче примив многу удари, а и самата не разбирав зошто.“, вели Даки. Потоа таа направила пауза од 2 години за да може повторно психички да биде спремна да се врати во светот на модата.

„Кога почнав да го слушам сопствениот глас, сè почна да си доаѓа на своето место.“, вели Даки. Сега девојката ги поддржува моделите со темна кожа и се залага за разновидност во модната индустрија. Таа е сигурна дека убавината може и треба да има многу лица.

Сподели на Facebook
пати видено