20-годишниот Мохамед Фуркан од Индија бил однесен во приватна амбуланта во Лакхнау по сообраќајна несреќа на патот Султанпур и бил прогласен за мртов.
Брза помош го однел дома во Индиранагар, каде што биле направени подготовки за неговиот погреб. Наредниот ден токму во моментот кога Фуркан требал да биде спуштен во земјата ожалостените се шокирале.
Момчето почнало да ги мрда нозете и најблиските веднаш реагирале и го однеле во болницата Рам Манохар Лохија во Њу Делхи, каде што бил ставен на кислород. Потоа морал да биде преместен во приватен медицински центар во Индира Нагар, поради сериозноста на неговата здравствена состојба.
Мохамед Ирфан, постар брат на Фуркан изјавил: „Ние бевме скршени и во еден момент забележавме како ги померува неговите екстремитети. Веднаш го однесовме Фуркан во болница, каде што лекарите рекоа дека е жив. Плативме 90 евра во приватната болница и кога им кажавме дека немаме повеќе пари го прогласија Фуркан за мртов.“
Лекарот кој го лекува г-динот Фуркан додаде: „Пациентот е во критична состојба, но дефинитивно не е мртов во мозокот. Тој има пулс, крвниот притисок и неговите рефлекси работат.“
Властите изјавиле дека ќе го истражат случајот.