Во текот на деветнаесеттиот век се појавиле стотици утописки заедници и сите до една пропаднале, како последица на совршено предвидливи и совршено чудни причини.

Нова Хармонија (1825-1829)

u01

Роберт Овен своето богатство го заработил во Шкотска, управувајќи со текстилни мануфактури. Решил да отпатува во САД и да основа град кадешто ќе ја примени својата визија за „нов морален свет“. Овен верувал дека среќата, просветителството и богатството доаќаат од образованието и колективниот живот. Овен купил град во Индијана и го преименувал во Нова Хармонија. Набргу во градот пристигнале идеалистични луѓе, заедно со голема група џаболебари. Овер го поставил својот син Вилијам да управува со градот, додека тој заминал да регрутира нови луѓе да се преселат во неговата утопија. Градот почнал да пропаѓа уште од самиот почеток, и социјалистичката заедница траела само две години, по што целосно се распаднала.

Зошто пропаднала Нова Хармонија

u02

Кога во утописката социјалистичка заедница се придружиле стотици неработници и искористувачи, почнале да се случуваат лоши нешта. Роберт Овен живеел во Нова Хармонија само во првите неколку месеци од нејзиното двегодишно постоење и на градот му недостигал силниот водач кој му бил неопходен. Иако во текот на своето постоење градот усвоил два устави, никогаш не било дадено јасно упатство за тоа како ќе функционира во секојдневието. Исто така, тој се обидел да внесе премногу од стилот на живеење на европската висока класа во Дивиот Запад на Америка. Се спротивставил на воспоставените религиски сфаќања и како последица на тоа не успеал да донесе инвестиции од богатите донатори. И на крајот, никој во Нова Хармонија не можел да се согласи како заедно да работат и соработуваат – а токму тоа е главната поента на колективната заедница.

Брукфарм (1841-1846)

u03

Брукфарм била основана во Масачусетс како акционерско друштво. Луѓето коишто се придружиле на утопискиот експеримент верувале дека со подеднаква работа и подеднаква поделба на профитот ќе имаат повеќе слободно време за тоа што ги интересира. На секој член му било дозволено да ја работи работата која ја сака. Заедницата требало да заработува од земјоделство, продавање на домашно изработени производи, како и да има сопствено училиште. Но, имало недостиг на пари, па кога новата колективна зграда била уништена од пожар, заеднцата се распаднала.

Зошто пропаднал Брукфарм

u05

Вистинските проблеми започнале кога основачот Џон Рипли го прифатил учењето на францускиот философ Шарл Фурие. Во основата на тоа учење било дека помладите членови на заедницата треба да ја вршат потешката работа, како колењето животни и поправањето на зградите и патиштата. Сосема природно, младите сметале дека ова не е фер и почнале да си заминуваат, и тоа во истото време кога се почнало со изградбата на голема „фаланстерија“ – зграда дизанјирана од Фурие која наводно требало да ја замени традиционалната куќа. Фаланстеријата на Брукфарм била неосигурана, и набргу по изградбата била уништена од пожар. Последниот клин во ковчегот била заразата со сипаници.

Фрутлендс (1843-1844)

u06

Бронсон Алкот и Чарлс ЛЕјн ја посетиле Брукфарм и си помислиле дека е одлична идеја – но недостасувале правила. Така тие со нивните семејства ја основале Фрутлендс, самодостаточна земјоделска заедница која проповедала строго вегетаријанство, се забранувало искористување на животните за труд, па дури и се залагала за целибат во рамките на бракот. Машките членови секој вид на работа го сметале за „духовно инхибирачки“, па така одржувањето на фармата им го препуштиле на жените и децата. И додека да настапи зимата, исхраната која се состоела исклучиво од овошје и зеленчук сите ги изгладнела. Заедницата се распаднала во јануари, седум месеци по нејзиното основање.

Зошто пропаднал Фрутлендс

u07

Бронсон Алкот и Чарлс Лејн мислеле дека е одлична идеја да се формира утописка земјоделска заедница, само што немале никакво земјоделско искуство. Нивниот приод кон животните бил целосно луд. На фармата не смеело да се употребуваат било какви производи од животинско потекло како волна, мед или ѓубриво. Биле засадувани само зеленчук и житни култури кои растеле над земјата, за да не се вознемируваат црвите. Сосема разбирливо е што по неколку месеци луѓето почнале да гладуваат.

Заедницата Онеида (1848-1881)

u08

Заедницата Онеида била најуспешната од утописките организации во 19. век, но и таа завршила лошо. Џон Хемфри Нојис ја основал групата врз основа на комунализмот. Сѐ било заедничко – од сопственоста до сексуалните партнери. Жените и мажите во Онеида практикувале „сложени бракови“ во кои секој бил слободен да има секс со когошто ќе посака. Бројот на членови на Онеида нараснал од 87 до 300 членови, но кога генерацијата на основачи остарела, нивните наследници повеќе не сакале да живеат на комуналистички принцип. Онеида се распаднала во 1881 година, но продолжила да постои како производител на сребрен прибор на јадење, Онеида Лимитед.

Зошто заедницата Онеида претрпела неуспех

u09

Основачот Џон Хемфри се обидел водството да го пренесе на својот син Теодор, но Теодор се покажал како неефикасен лидер. Се развиле несогласувања и во поглед на сексот и сложениот брак. Членовите не можеле да се согласат кога станувало збор за тоа кога децата би требало да ја загуват нивната невиност и дали сложените бракови воопшто се соодветна работа. Плашејќи се дека ќе биде уапсен за силување, Нојис во 1879 година пребегнал во Канада и препорачувал да се напушти принципот на сложен брак. Штом се случило тоа, членовите на Онеида се испожениле и ја напуштиле задницата.

Аркозанти (1970-до денес)

u10

Аркозанти е заедница основана од архитектот Паоло Солери кој сакал да ја промовира т.н. аркологија – комбинација од архитектура и екологија. Солери сакал да гради згради и градови со што е можно помалку деструктивно влијание врз земјата, па така основал град далеку од цивилизацијата, среде пустина во Аризона. Аркозанти и денес сѐ уште функционира, со група од 50 постојани жители и околу 40.000 туристи кои секоја година минуваат за присуствуваат на бројните работилници.

Зошто Аркозанти е неуспех

u11

Аркозанти бил осмислен да има 5000 жители, па така бројката од 50-100 постојани жители е малку далеку од очекуваното. Основачото Паоло Солери умрел во 2013 година и не се знае уште колку ќе трае Аркозанти, без неговата водечка улога. Сепак, опстојувањето среде пустина во Аризона цели 45 години е впечатлив подвиг.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено