Во Медицинскиот центар Мејн во Портланд, САД, се случи многу необичен инцидент. Сите 9 медицински сестри кои работат во породилното одделение во моментов се бремени. Бебињата ќе се родат помеѓу април и јуни, а болницата веќе изјави дека е подготвена да ги пушти сите медицински сестри на породилно отсуство истовремено.
Фотографија на идните мајки беше објавена на интернет од самиот Медицински центар, со шеговит коментар дека се очекува вистински бебески бум. Секоја од медицинските сестри има во рацете лист со очекуваниот датум на породување. Според медицинските сестри, тие се среќни затоа што сите ќе имаат врсници и велат дека редовно ќе ги собираат своите деца заедно, за да се дружат.
Останува отворено прашањето каде е главниот доктор да даде изјава :).